Димитровски: Не поддржуваме идеи за кампови за враќање на одбиени баратели на азил

-Беше нагласено дека Македонија како и земјите од Западен Балкан, е дел од Европа и нејзините политики, а не простор надвор од нејзините граници, вели Димитровски од Виена

од Nikola Popovski
16 прегледи

Во Виена, на 10-тата Конференција за миграција, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски информира дека учествувал во разговор еден на еден со генералниот директор на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер, на тема „Западен Балкан: Регионални перспективи за миграција и партнерства“.

– Разговаравме за улогата на Западен Балкан во современото управување со миграциите – регион кој станува не само место на потекло и транзит, туку и сè повеќе дестинација за нови можности и работна сила. 🇲🇰 веќе се прилагодува на оваа реалност преку политики кои овозможуваат легална и безбедна мобилност, одговараат на недостигот од работна сила и придонесуваат кон економски развој, појасни Димитровски.

Во фокусот на разговорот била и важноста од градење партнерства со земјите на потекло, развивањето на одржливи модели за работна миграција и заедничките европски иницијативи што ги поврзуваат регионалните и глобалните приоритети.

-Само преку дијалог и соработка можеме да создадеме систем кој ќе биде фер, предвидлив и корисен за сите страни, нагласува Димитровски.

-Беше нагласено дека Македонија како и земјите од Западен Балкан, е дел од Европа и нејзините политики, а не простор надвор од нејзините граници. Во таа насока, нашата држава ниту размислува ниту поддржува идеи за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил, дециден е заменик-министерот на македонската дипломатија.