Димитровски: Оставката на Милевски нема да влијае на стабилноста на Владата

од Nikola Popovski
171 прегледи

Се работи за министер со кој имавме дневна комуникација и добра соработка и започнавме доста проекти. Министерот зад себе ќе остави доста започнати проекти. Која е причината за негова оставка, тој самиот кажа. Иако е факт дека имаше внатрепартиски превирања во ЛДП, јас не би можел во тоа, вели заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски за оставката на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и напуштањето на Владата.

Дали причините за недоразбирања во ЛДП беше францускиот предлог, Димитровски вели дека не сака да суди.

-Тоа што сакам да го испратам како порака е дека помалите партии се сепак партии од центарот и треба да го задржат својот идентитет. поголемите партии сакааат да ги задушат помалите и да ги направат приврзоци. Постојат да велат дека се пајтон-партии и немаат членство, а во моментите кога ќе покажат сила и влијание во јавноста, сакаат да ги присвојат кон себе. Решение за ова е една изборна единица. Не треба да му се придава многу значење на овие настани од аспект на некаква реконструкција во Владата. Се работи за случај во една партија и еден министер кој си дава постапка и тоа нема да влијае на стабилноста на Владата, додаде Димитровски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини