Димитровски: Планот на Путин е да ја врати царска Русија

од Nikola Popovski
302 прегледи

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски смета дека никој не може да процени колку ќе трае војната во Украина.

-Само Путин знае во смисла кога ќе мисли дека ги остварил целите. На почеток целите беа денацификација и демилитаризација. Денацификација значеше уривање на Киев и освојување на власта. Во денешниот говор на Путин видовме дека ја оправда својата воена агресија со заштита на граѓаните во Донбас и пред се Русите, кажувајќи дека ја спречил агресијата. Не верувам дека има веродостојни докази, но искрено речено ако вашата цел била да ги заштитите граѓаните таму, требаше да се ограничи неговата интеграција во Донбас. Ја знаеме геополитиката, не сме наивни, знаеме што сака Путин – да ги врати империјалистичките амбиции и царска Русија, вели Димитровски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини