Димитровски: Подобро е дури и да глумиме добрососедство со Бугарија, отколку да имаме говор на омраза

од Nikola Popovski
317 прегледи

Ваквите средби се добар начин затоа што довчера имавме состојба на размена на говор на омраза меѓу двете страни, вели заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски за претстојната посета на македонската владина делегација на Софија и заедничката владина седница.

Според него, дури и дел од средбите да изгледаат одглумено, тоа е подобро откако да има говор на омраза.

-Иако сега се вели дека се шминка една состојба на добрососедство. Подобро е да глумите добрососедство и да создадете атмосфера за потоа да направите вистински потег. Секогаш сум мислеле ека треба да има геополитички интерес, така и се случи со членувањето на Македонија во НАТО. Балканот останува во фокусот на интерес на ЕУ и САД и смета дека Македонија ќе ги почнат преговорите со ЕУ годинава, оценува Димитровски, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини