„Немаме преседан во земјите-членки на НАТО, каде некоја се распаднала и тоа е сериозна гаранција за територијалниот интегритет на нашата земја“, вака го коментира наводниот нон-пејпер на Јанша, генералниот секретар на ДС, Зоран Димитровски за емисијата „24 анализа“.
Според него, самиот нон-пејпер значи дека е неофицијален документ, кој доколку не биде потврден од некоја личност што го поднела, може само да се шпекулира и дека не можеме да знаеме се додека не добие официјална потврда.
„Ова е фантомски документ. Тезите за незавршеното распаѓање на Југославија се уште егзистираат во десничарските кругови. Време е за интеграции, а не дезинтеграции. Големите сили, како САД кои имаат главна улога на Балканот, нема да толерира ваков тип на решенија“, смета Димитровски.