Димитровски: Употребата на придавката „македонски“ е врзана со етничкиот идентитет на Македонците

од Nikola Popovski
295 прегледи

„Употребата на придавката македонски/македонска е врзана со етничкиот идентитет на Македонците и сега вие кога велите Македонска телевизија, таа етнички не е само македонска“, вели заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски за емисијата „Само вистина“, говорејќи за имплементирањето на Преспанскиот договор.

Со други зборови, според него, со Преспанскиот договор ни беше забрането да го употребуваме терминот македонски, освен за етничкиот идентитет, а остапката беше државјанството.

„Во контекст на репрезентацијата, нивниот аргумен е дека националниот тим ја презентира државата. Тоа не е македонска етничка фудбалска репрезентација и тој е контекстот“, смета Димитровски.

Слични содржини