Димитровски: Време е да му се даде шанса на мирот во Украина

од Nikola Popovski
23 прегледи

Во Европската куќа во Скопје денеска имав чест да се обратам на настанот по повод одбележувањето три години од почетокот на руската воена инвазија на Украина. Во обраќањето меѓудругото забележав дека РС Македонија од самиот почеток ја осуди агресијата и и даде поддршка на Украина, во одбраната на својот суверенитет, несебично издвојувајќи финансиска, воена и хуманитарна помош, порача заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски по повод 3-годишнината од почетокот на агресијата врз Украина.

За жал, додава Димитровски, огромен број цивили и војници ги загубија животите, милиони граѓани се раселени, многумина ги изгубија своите домови, цели градови беа уништени и претворени во урнатини.

-На Украина и е потребен мир за луѓето да можат полека да му се вратат на нормалниот живот и активностите кои ќе ги вратат стабилноста, развојот и просперитетот. Време е да му се даде шанса на мирот особено во контекст на новата дипломатска иницијатива од САД која има за цел да ја запре ужасната војна во Украина, изјавил меѓу другото, Димитровски.

Денес се одбележуваат три години по сирените кои беа аларм за засолнување од нападите врз Украина. Жртви, повредени, раселени и политички калкулации…

Европските лидери со мементо на Мајдан во Киев го одбележаа почетокот на револуцијата по која следеше рускиот напад. Украина е Европа, порача на плоштадот претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен.

Од почетокот на војната, над осум милиони Украинци побараа азил, повеќето во европските земји.

Слични содржини