Димитровски за бојкотот на маркетите: Кај граѓаните да поработи свеста затоа што се работи за нашите џебови за она што го заработуваме и трошиме

од Nikola Popovski
541 прегледи

Граѓанската свест кај нас подолго време не се реализира толку ефикасно, но гледаме од друга страна, како владите носеа и носат мерки за замрзнување на маржи, на цените…Беше донесен и Законот за нефер трговски практики и гледаме дека постојано се прават манипулации од крупните маркети. Би требало кај граѓаните да поработи таа свест затоа што се работи за нашите џебови за она што го заработуваме и трошиме, вели заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски за најавениот бојкот на маркети, продавници и бензиски пумпи во петок поради високите цени на производи.

-Дали е доволна мерката бојкот на маркетите? Не гледам колку може да вроди со плод, добро е да се упати таа порака и колку денови може да се издржи да не се купува во маркетите, истакна Димитровски во емисијата „Само вистина“.

Како што истакна тој, граѓаните порано имааа традиција да купуваат по пазари и месарници, но, сега има алтернативи во Македонија и крупните ланци на маркети треба да сфатат дека тие живеат од граѓаните.

-Изминативе години видовме најголеми профити што ги правеа маркетите. тие наместо солидарно да сносат со граѓаните и тоа што е проблем насекаде во светот, обратно се однесуваат. Ги гледам цените, насекаде е тој тренд, но најмногу нас не погодува затоа што сме економија со најмали приходи каде што имаат граѓаните. Пожелно е ова да се случи, додаде заменик шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини