Димитровски за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Гласачите знаат да препознаат што е вистина, а што лага

од Nikola Popovski
773 прегледи

Целата нервоза е на двете страни, гледаме жестоки обвинувања во контекст на некои притисоци, организирани нсилства, што е предизборен фолклор, затоа што вчерашните обвинувања е многу тешко да се проверат, вели заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во емисијата „Само вистина“, зборувајќи за вчерашните изнесе информации од ВМРО-ДПМНЕ за наводни полициски закани поврзани со изборниот процес.

Според него, тоа што го има сега во јавноста, можеби е вистина, но можеби и не е.

-Не знаеме додека има истрага, а веќе во недела имате избори. Нивната употребна вредност е постигната, во контекст дека треба да има влијание. Мислам дека гласачите умеат да препознаат што е вистина, а што е лага, за што да гласаат и на кого да го дадат гласот, појаснува Димитровски.

Слични содржини