Димковски: 30% поголеми откупни цени за лозарите, за вранец и смедеревка

од Берта Китинска
192 прегледи

Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто во споредба со минатата година.Сортата „смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а „вранецот“ ќе биде 15 денари за килограм што е три денари повеќе во споредба со лани, вели Трајан Димковски од комисијата за земјоделие на СДСМ.

Тој посочува дека лозарството како извозно ориентирана гранка и во време на светска криза добива сериозна поддршка преку низа мерки креирани од Министерството за земјоделство.

-Преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади лозарите добиваат субвенција од 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства, со минимум површина од 1 хектар до максимкум 10 хектариЛозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која може да достигна и до 100 отсто, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интервентните мерки.Изминатите две години во време на ковид кризата на лозарите им беа испалтени вкупно 649 милиони денари помош. Поддршка се обезбеди и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои се помогна транспортот при извозот на вино.Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри, посочува Димовски.

Тој посочува дека за малите семејни винарии е обезбедена финансиска поддршка до 10 000 евра за набавка на опрема за производство, мерка која предизвикува голем интерес.

-Со вистински политики Северна Македонија станува топ извозник на вино.Мерките за лозарството даваат резултати бидејќи трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.СДСМ со континуирани мерки и политики и понатаму ја продолжува поддршката на оваа земјоделска гранка, како стратешки сектор чиј извоз позитивно влијае за јакнење на домашната економија, вели тој.

Слични содржини