Димова: Успешноста на вакцините е 95 отсто, посериозни ефекти можат да бидат само алергиски реакции

од Nikola Popovski

„Она што е специфично е што се од поинаков тип од стандардните вакцини кои што ги имаме во вакциналниот календар до сега, односно не се работи за ослабени вируси кои што треба понатаму да предизвикаат создавање на антитела, туку ова се понова генерација на вакцини кои што делуваат по принцип на праќање на информација до клетките или пак внесување на дел од секвенцата на одредени вирусни протеини во клетката, кои би стимулирале дополнително создавање на протеински секвенци на вирусот, кои што организмот би ги препознал како нешто против кое што треба да се бори и тука се активира ланецот на создавање одбрана, создавање на антителата односно активирање на другите одбранбени механизими“, изјави докторката Александра Димова за емисијата „Утрински брифинг“.

Според неа, реално сите вакцини против Ковид-19 се од тој тип.

„Едните се од типот на ДНК вакцина, а другите се месинџер РНА вакцина. Сите вакцини имаат свои несакани благи дејства. Успешноста на вакцините е оценета преку 95 отсто. Посериозно реакции воопшто од сите вакцини можат да се јават во вид на алергиски реакции и тие можат да се спречат“, вели Димова.

Слични содржини