Димовски: Ајде да им се заблагодариме на судиите кои се бирани во Собрание и да се бираат од почеток

од Aleksandar Todeski
372 прегледи

Две третини од судиите се бирани во Собранието. До 2000 година, до измените нив ги бираа политичките партии. Ајде да им се заблагодариме на тие судии и да бидат бирани од почеток, по реформираниот начин на избирање, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Поранешниот пратеник Павле Богоевски пак, вели дека пред изборите во 2016 година само СДСМ зборувале за ветинг во судството, а сега веќе зборуваат сите партии.

„Ветингот не смее да се претвори во политичка алатка за расчистување на судии. Прво, јавно треба да се договори методологијата за ветинг. Треба да се изберат странки кои ќе го извршат ветингот, кои и самите ќе бидат ветирани и кои нема да бидат партиски кадри. Ветингот исто така треба да се води јавно“, рече Богоевски.

 

Слични содржини