Пописот е неточен и недоставуваат 405.000 граѓани и дополнително 132.000 граѓани не се изјасниле за својата етичка, јазична и религиска припадност. Вкупно 537 илјади граѓани не се регистрирани. Тоа се 21,48% од вкупниот број жители во земјава, вели поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за резултатите од статистичката операција.
Според него, ако некој паметен во светот може да прифати таков попис, тогаш нека повели нека објаснува.
-Затоа се такви реакциите на заедниците во Македонија и коалициските партнери на СДСМ. Ќе создаде многу проблеми од денес натаму и од тој аспект мојот став е дека мора да се спроведе нов попис. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен по ова. Ова ќе создаде многу институционални, уставни и управни проблеми за граѓаните на нашата држава, рече Димовски во емисијата „24 анализа“.