Димовски: Дојдовме во ситуација во Македонија само Македонците да не донесуваат одлуки

од Берта Китинска
164 прегледи

Вчерашниот ден е нормален процес. Македонскотомалцинство во Бугарија е 30 години под постојан притисок. Има 17 пресуди од судот во Стразбур за почитување на нивните права. Еден ден Бугарија ќе мора да се соочи со тоа да почне да ги почитува правата на Македонците во Бугарија, вели поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24 по повод инцидентите при отворањето на македонскиот клув „Никола Вапцаров“ вчера во Благоевград, Бугарија.

Во однос на тоа што Европа не реагира, Димовски вели дека не секогаш односите во Европа се однесуваат на правото и правдата туку многу почесто носат одлуки кои се во нивни интерес и тука секогаш поголемата држава има предност.

Оттука, според Димовски, приоритет на сите македонски власти треба да биде решавањето на системските проблеми во државата, независно од барањата на ЕУ.

Во однос на употребата на бугарскиот јазик при отворањето на македонскиот клуб вчера, Димовски го цитира организаорот на настанот кој рече дека иако клубот е македонски и за Македонците во Бугарија тие се бугарски државјани, а официјален јазик во Бугарија е бугарскиот.

-Ние мораме да се грижиме за малцинските права на нашите луѓе во соседните земји сеедно што тоа ќе наиде на негодување. Нашата држава е основана врз некои културни темели кои се простираат и вон сегашните граници на Македонија. Нашите соседи, пред се Грција и Бугарија, се што е македонско и поврзано со името Македонија се обидуваат да го вклопат во нивната култура и да го асимилираат, вели Димовски.

Димовски вели дека ние имаме сериозни внатрешни проблеми затоа што двете најголеми македонски политички партии немаат постигнато консензус за ниедно клучно прашање, вклучително и образованието.

-Ние дојдовме во ситуација во Македонија само Македонците да не донесуваат одлуки, вели Димовски.

Димовски коментира дека треба да разбереме оти македонскиот идентитет не е само она што е градено во времето на Југославија и временски и просторно, туку има свои корени и пред тоа време и надвор од овие сегашни граници.

Слични содржини