Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека му смета идеализацијата на евроинтеграциите и очекувањата дека низ тие ќе ги решиме сите проблеми во Македонија.
-Пак ќе остане само да ги решаваме. Ако сами не произведеме вредност, бадијала ќе биде. И Бугарија и Романија влегоа во ЕУ пред 15 години, па не отскокнуваат во нивото на сите балкански земји. Добивањето датум во ЕУ нема да предизвика големи промени, доколку сами не ги сфатиме процесите. Втора работа е што многу политичари направија кариери на приказната за ЕУ. Тоа е балон зад кој ги криевме внатрешните проблеми во администрацијата, макроекономското менаџирање, Буџетот. Се нема да се реши. Ја забораваме состојбата во ЕУ. Таа е заморена од проширување. Тие се повнимателни со оглед на Бугарија и Романија. По европските аеродроми државите членки си ги крадеа машините за дишење, си запленуваа лекови, вакцини… Поддршката за проширување на ЕУ меѓу гласачите во ЕУ е до 20%. Одлуките ги носат политичарите кои се бираат на избори, вели Димовски во емисијата „Само вистина“.