1,8K
Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во урбаните центри и градови, кои имаат над 50.000 гласови и тоа носи огромни разлики, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Илија Димовски во емисијата „24 анализа“.
Според него, „досега во Аеродром не се случила победа со 10.000 гласови“.
-Победа во Кисела Вода со 7,5 илјади гласови не се случила, во Гази Баба со 8 или 9 илјади победа не се случила, потенцира Димовски.
Тој додава дека разликата на ниво на град Скопје на советничката листа е 25 000 помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на државно ниво на советничките листи е помеѓу 50 и 50 000.