И покрај продолжувањето на блокадата на седниците од народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски денеска се појавија во Собранието, а Димовски кратко за медиумите изјави дека доаѓаат на работа, но нема да присуствуваат на пленарните седници.

Двајца пратениците, беа предводници на крилото од ВМРО-ДПМНЕ кое обвинуваше дека во изборот за нов лидер се фаворизира една личност, алудирајќи на новоизбраниот партиски лидер Христијан Мицкоски, и бараа одложување на конгресот. Димовски кој беше координатор на координаторите на десетте пратенички групи на опозицијата се повлече од таа функција, а за нов координатор беше поставен Влатко Ѓорчев.
Минатата недела, пак, новиот претседател на партијата во телевизиско интервју изјави дека контактира со нив и имаат беспрекорна комуникација.
ВРМО-ДПМНЕ на состанок утрово одлучила пратениците и денеска да не присуствуваат на собраниските седници, а детали во текот на денот на прес-конференција треба да соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски./Плусинфо