Димовски: Испративме претставки за обложувалниците и коцкарниците, овие дејности не смеат да работат во недела

од Vladimir Zorba

Секаде каде имаме поплаки, пријавивме до Државниот инспекторат за труд и до Пазарниот инспекторат и како што гледате веќе има резултати. Четворица работодавачи кои го прекршиле законот, веќе се парично казнети и затворени 15 дена, вели првиот човек на ССМ, Дарко Димовски за МИА.

Дополнително, онаму каде што сметале, како што се спортските обложувачници и коцкарници кои не се предвидени во дејностите кои можат да работат во недела, пратиле претставки до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии.

– Очигледно на тие дејности, некој со мислење, а не со законот, им дал да работат. Тоа за нас е неприфатливо бидејќи мислењето не може да го дерогира законот, а законот е јасен дека сите оние дејности кои не се пропишани за работа во недела, не можат да работат. А тоа ни се случува со спортските обложувачници и коцкарниците, посочува Димовски.

Слични содржини