Димовски: К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори

од Vladimir Zorba
478 прегледи

Преговори помеѓу ССМ и ОРМ за да не се исплати К-15 нема, вели во соопштение претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

„Ставот на ССМ е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори. Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање како ССМ има и Владата.

Исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите воспоставено по пат на социјален дијалог утврдена во Колективен договор!

Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор ​ или бараат од работниците​ да ги​ вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат“, истакнува Димовски.