Директорот на Агенцијата, Виктор Димовски, денеска порача дека една година од основањето е направен целосен дисконтинуитет од минатотот и целосниот капацитет на Агенцијата е ставен во заштита на државата и граѓаните.

– Беа преземени чекори за кадровско доекипирање со преземање на кадри од МВР и други институции, како и селекција на нови кадри од најдобрите факултети. Беа направени обуки и за вработените и отпочната интензивна соработка со останатите агенции. Со членството, Агенцијата стана дел од оперативно безбедносниот систем на НАТО, изјави Димовски.
Не очекува, порача тој, финализирање на активностите за дислоцирање на нова локација, како и заокружување на процесот на законските решенија и иницијативи и кадровско доекипирање.
– Очекуваме силна поддршка од Владата и останатите институции, а од наша страна би сакал да ја подвлечам определбата и решеноста да истраеме на патот на кој сме, за изградба на современа Национална агенција за безбедноста, способна да се носи со сите предизивици, порача Димовски.