Димовски: Луѓето во ВМРО-ДПМНЕ за степен повеќе ја разбираат бугарската позиција

од Берта Китинска
291 прегледи

Поранешниот пратеник Илија Димовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека сето тоа што денес го говорат Стево Пендаровски, Бранко Црвенковски, Денко Малевски и други било кажано уште порано.

„И заради институционалното помнење, и заради историскиот контекст, дозволете дека луѓето во ВМРО-ДПМНЕ за степен повеќе ја разбираме бугарската позиција зошто е таква каква што е. И кога предупредуваме за Бугарија, сфатете го степен повеќе отколку што просечен левичар би можел да предупреди за Бугарија. Ако човек од ВМРО-ДПМНЕ ви вели со Бугарија ви е катастрофална ситуацијата, тогаш сфатете дека е катастрофална ситуацијата“, вели Димовски.

Слични содржини