Димовски: На работникот му е обезвреднета платата

од Берта Китинска
182 прегледи

Стопанската комора вчера соопшти дека фирмите ќе отпуштат 30-50 отсто од вработените бидејќи се соочуваат со економска криза. Треба да се прашаат дали тие работници што ќе ги отпуштат ќе сакаат пак да се вратат во тие фирми. Од друга страна, стопанствениците велат дека немаат доволно рабта сила и дека ќе увезуваат работници од Бангладеш. Компаниите треба да знаат дека работниците не се потрошна стока, а стопанствениците треба да издвојат од своите енормни добивки да ја пребродат кризата, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Тој вели дека лесно може да се провери колкав екстра профит имаат остварено компаниите во изминатите години и дека моат да издвојат од својот луксуз за да се помине кризата.

-На работникот му е обезвреднета платата. Кај нив е алармантна ситуацијата. Ако се помага, треба да им се помага на работниците а не само на фирмите. Ако се сеќавате, беа откриени и малверзации со субвенциите за корона-кризата кои беа наменети за работниците, а одеа преку фирмите. Ни за ова сѐ уште нема разврска, вели Димовски.

Слични содржини