Димовски: Нема да одам во Будимпешта, Грција или Охрид ако треба да сносам одговорност за Онишченко

од Nikola Popovski
175 прегледи

Овој инцидент сериозно го сфаќаме и затоа сме спремни да преземеме се она што треба, за ова да не се случи повторно, вели директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски за случајот со македонското државјанство на Украинецот Олександр Онишченко.

За одговорноста, Димовски вели дека ќе биде утврдена на локално ниво.

-Ако ме прашувате мене, немам намера да одам во Будимпешта, во Грција како некои што отидоа или да менувам место за живеење во Охрид. Останувам тука и спремен сум да се соочам со се, ако се цени дека треба да сносам одговорност, рече Димовски на новинарско прашање.

Првиот човек на АНБ не смета дека има лична одговорност кај него.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

САД го ставија Олександр Онишченко на црна листа поради ширење на дезинформации и поткопување на демократијата во пресрет на последните американски претседателски избор.

Слични содржини