Димовски: Нема договор, ни понудија само кафе и вода

од Nikola Popovski
254 прегледи

Договор со владата нема, но утре одлука за генерален штрајк ќе има, вака изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски после денешната средба со владини претставници во владата.

Според Димовски, не биле сфатени во нивните барања и линеарното зголемување на платите за 2806 денари.

-Ние сме за реформи и нова методологија, но и за овие пари поради ценовните шокови. Ова повеќе не се издржува. Разочаран сум од преговорите. За се има одговор, само за линеарно зголемување на платите нема, додаде Димовски.

Тој потенцира е разочаран од тоа што не присуствувал министерот за финансии, Фатмир Бесими.

-Тој требаше да објасни зошто не ги предвидел во Уставот. Цело време се премолчување линеарното зголемување. Рекоа ако треба ќе се сретнеме и 100 пати. Денес ни понудија само кафе и вода, се напивме, слушнавме како нема пари и тоа е резултатот на утрешната одлука за штрајк. Имавме двочасовен состанок, се зборуваше за се, само тоа што е потребно. Сигурно ќе почнеме со штрајк, појасни Димовски.

Слични содржини