Димовски: Парите од субвенционираните плати да одат директно на сметките кај работниците

од Берта Китинска
223 прегледи

Го поддржав предлогот на ССМ парите да одат директно на сметките на работниците. 61% од работодавачите се за да продолжи мерката за субвенционирање. Од истражувањата само 10% од работодавачите отпуштиле работници во последниот квартал, вели Ангел Димитров, од Организација на работодавачи во Студио 10 на ТВ24.

Димитров смета дека со оваа помош повеќето од работодавачите се присилени да ги држат работниците на работа, но како што вели тој кога таа ќе се укине доколку фирмата не остварува приходи, тогаш први од работа би се отпуштиле работниците чии договори набргу истекуваат.

На истата тема свој став има и првиот човек на ССМ.

-Дел од работодавачите при ковид 19 не оставија на улица, тоа многу не разочара. Со владата ги разгледавме мерките за помош, една од мерките за помош беше субвенционирање на плати. Таа треба тоа да продолжи, но субвенциите треба да легнат на сметка на рабониците, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Слични содржини