Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски синоќа порача дека подеднакво ризично е и прифаќање и неприфаќање на промените на Уставот и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата.
-Жалам што немаме кохезија по ова прашање, но почитување на различните мислења. Можеби со неприфаќање на уставните имени ќе се повлечеме и ќе изградиме посилна позиција. Признавам дека тоа е ризично, но мене ми изгледа апсолутно ризично прифаќањето на уставните измени, затоа што немаме никаква гаранција дека ние ќе станеме членка на ЕУ, рече Димовски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Сепак смета дека ако не се случат уставните измени, оваа влада го загуби легитиметот во однос на политиката која ја поддржува.
-Патеката на кон НАТО и ЕУ и натаму е стратешка цел, но дојдовме во ситуација кога имаме таканеречена про европска влада, но поддршката од граѓаните за ЕУ е многу мала. Ако не бидат прифатени уставните измени, тогаш оваа влада го губи легитиметот во смисла на политиката која ја спроведува. Потоа веројатно ќе се оди на избори, кажа Димовски.