Димовски: Повеќе од 15 јавни комунални претпријатија потпишаа за скалесто зголемување на платите

од Nikola Popovski

Mинималната плата од 18.000 е голем успех. Легитимно право е што бараме скалесто зголемување на сите останати и се придржуваме и преговараме со ресорните министерства. Вратата за скалесто ни ја отвори минималната плата, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски во емисијата „24 анализа“.

Според него, повеќе од 15 јавни комунални претпријатија потпишале за скалесто зголемување на платите од 1-ви април.

-Се применуваат колективни договори и закони. Доколку некој од работодавачите ни докажи дека навистина е во тешка финансиска состојба, ние му нудиме спогодба и велиме колку што се зголемила платата во моментот 2800 денари, линеарно да ги покачиме платите на сите работници од хигиеничар до директор, но тоа да важи само за оваа година, затоа што имаме ковид, економска и воена криза, вели Димовски.

Слични содржини