Димовски: Предлог измените на Законот за работни односи е неприфатлив за нас

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Предлог измените на Законот за работни односи со кои меѓу другото треба да се прогласи недела како неработен ден е неприфатлив за нас и е полн со недоречености, вели за „Локално“ претседателот на ССМ, Дарко Димовски по денешната средба иницирана од Министерството за труд и социјална политика.

„Иако Владата ја поздрави иницијативата за прогласување на недела за неработен ден предлог законот кој што ни беше доставен од Министерството за труд не оди во прилог на уредување на ова право за работниците во државата. Наместо да се утврдат кои дејности есенцијални за државата, треба да работат во недела, вели Димовски, предлог законот единствено дава варијанти и можности тоа да се уреди со посебни закони и колективни договори или едноставно кажано, Министерот треба да каже односно да одлучи кој треба да работи или не”.

Законот за рабони односи е основен базичен закон за правата од работните односи и истиот, според Синдикатот треба да го регулира ова право на работниците со што нема да се остави можност ова право дополнително да се уредува во секоја дејнст и кај секој работодавач посебно.

Во предлог законот, додава Димовски, не се споменува ниту тоа дека тие што ќе работат во недела треба да се платат за дополнителна работа во ден предвиден за неделен одмор.

Синдикатот предлага работниците кои по исклучок се ангажирани да работата во недела, задолжително да имаат право на зголемување на основната плата по час најмалку за дополнителни 50% како и право на слободен ден во текот на неделата.

Според ССМ потребно е да се направат сериозни анализи за дејностите кои треба да работат во недела, односно да се утврди кои се тие дејности кои имаат работен процес кој не смее да сопре и мора да се одвива континуирано.

Тоа според Димовски треба да го стори трипартитно тело формирано од социјалните партнери кои се членови на економско социјалниот совет.

Заклучно со утре, работодавците ќе ги собираат забелешките на предлог законот и ќе ги достават до министерството.

К.В.С.

Слични содржини