Димовски: Преземени се сите мерки, претстојот на Авганистанците ќе помине во најдобар можен ред

од Nikola Popovski
346 прегледи

Согласно одлуката на Владата за примањето на бегалците од Авганистан, ние ги презедовме сите мерки за проверка и безбедност на овие граѓани, изјави денеска директорот на АНБ, Виктор Димовски, попладнево на прес-конференција.

-Засилените безбедносни мерки и интензивната комуникација со партнерските безбедносни сервиси ќе бидат континуирани за цело време на нивниот престој, а во функција за ефикасна заштита на националната безбедност, како и личната сигурност на авганистанските државјани. Мора да напоменам дека соработката досега е највисоко професионално ниво, и посветеноста од сите засегнати страни е за пофалба, вели Димовски.

Тој потврди дека е во контакт со сите институции и со сојузниците во НАТО, за претстојот на овие лица да биде во најдобар можен ред.

-Има обиди за сеење страв и за растење на сомнежот, но и ваквите обиди за лажни вести за оваа група од Авганистан не наидуваат на поддршка во јавноста. Граѓаните знаат дека и ние како народ низ историјата сме биле во незавидна ситуација и сме добивале помош, рече Димовски и додаде дека заканите од тероризам и екстремизам се пермаментни во секоја земја, а нивното внимание како институција продолжува.

 

Слични содржини