Димовски: Принципот победник со победник е практично мртов

од Берта Китинска
242 прегледи

Принципот победник со победник е практично мртов, ДУИ е тој што го наруши тој принцип, вели во „Жешко политичко лето“, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во врска со тоа со кого би можела неговата партија да биде во коалиција доколку би се одржале избори и би победила.

-Мојот очекување е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во покомотна ситуација за да бира партнер доколку би имало избори. Сметам дека ДУИ го промаши моментот и требаше досега да се организираат предвремени избори, за да може нивната партија тие да бидат балансер односно одлучувачки фактор во Собранието, вели Димовски.

Слични содржини