Димовски: Работодавачите ги „жртвуваат“ вработените во надеж дека ќе ги редуцираат трошоците

од Andreja Salpe

Во вечерашното гостување во емисија Економски Магазин на Алсат, Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија истакна дека со коввид кризата се влошени и работничките права. Тој вели работодавачите ги „жртвуваат“ вработените или дел од нив, во надеж дека на тој начин ќе ги редуцираат трошоците и ќе успеат да ја пребродат кризата.

„Ние како Сојуз на синдикати на Македонија не се согласуваме со тоа бидејќи колективниот договор и Законот за работни односи, во вакви услови на криза, има предвидено како треба да биде тоа, без да се остават вработените без егзистенција и апелирам до сите работодавачи да се јават во ССМ, ние да им објасниме“, рече Димовски.

Слични содржини