Димовски: СДСМ се политички најпоразената страна на овие избори

од Nikola Popovski
150 прегледи

„Ниедна странска мисија во земјата, вклучително и онаа на ОБСЕ не ги оцени овие избори за демократски. Недостасуваа тие зборови во сите општини, односно ниту тие ниту една странска амбасада не честитаа дека се одржале фер и демократски избори, а тоа го покажуваат сликите од терен“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ за емисијата „Само вистина“.

„Се гледа дека на одредени избирачки места во западна Македонија имало повеќе гласачи од жители. Во мојот роден град, Велес на едно избирачко место каде што гласа ромско население, една партија победува со 400:10, што значи дека тоа не е одраз на слободна волја“, вели Димовски.

Според него, СДСМ не сфатил дека покрај другите партии и тие се губитници на овие избори.

„Политички се најпоразената страна на овие избори“, смета Димовски.