Димовски: Штрајкот ќе трае сѐ додека не се зголеми минималната плата

од Nikola Popovski
316 прегледи

Покрај зголемување на минималната плата, бараме и скалесто зголемување на другите плати, согласно Законот. Денес енергијата ја насочуваме кон тоа, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Според него, на состанокот во средата, работодавачите излегле со некоректен предлог.

-Тие бараат да се смени методологијата за пресметување и минималната плата во моментов да биде 16.164 денари. Тоа е неприфатливо и отворено кажувам, потенцира Димовски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Тој најави дека доколку денес не се прифати тоа што го бараат работниците, протестот ќе трае.

-Ние сме сериозна организација. Штрајкот ќе се роди пред Организацијата на работодавачите. Штрајковачките одбори се спремни. Ќе се исправиме пред нив да не видат. Ќе ги повикаме сите, појаснува Димовски.

Според него, вчерашните изјави на професорот Трајко Славески се паушални.

-Не се согласувам со тоа дека ако се зголемат платите, ќе мора да се затворат фирмите. Науката по економија не признава леви и десни. Тоа со паушални изјави дека некој можеби ќе затвора, тоа не постои. Зборот „ќе“ не постои, вели Димовски.

Слични содржини