Ние си подадовме рака со претставници од Владата дека тоа право на работниците ќе се применува од 1 јули. Но, потоа ги снема. Вчера во пет до дванаесет нѐ убедуваа дека не е време за штрајк. Тие во ребалансот на буџетот не предвидоа средства за зголемување на платите што е според Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите во рок од шест месеци, вели Дарко Димовски претседател на ССМ во Утрински Брифинг.
Тој вели дека од пратениците ќе бараат поддршка на амандманот на ребалансот на буџетот кој ССМ го испрати до сите пратенички групи, а ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го поднесе.
-Ние имаме реални потреби. Инфлацијата е двоцифрена, струјата е поскапа, сѐ е поскапо, а тоа се одразува на работниците. Штрајкот е последица и по работниците и по работодавачите и по владата, кажа Димовски.