Димовски: За мене Собранието веќе не постои

од Nikola Popovski
293 прегледи

Во наредниот период доколку формираат мнозинство, ние ќе гледаме втора постава од СДСМ која ќе излезе и истрча на терен, затоа што очигледно ќе биде диктирано новото раководство и ќе биде од втората линија, смета членот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски гостувајќи во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, претседателот Пендаровски веќе кажал дека се знае кој ќе биде следен претседател на СДСМ и мандатар и самото мешање на Заев, вели Димовски, ги диктира процесите.

-Немам големи очекувања во втора постава на ист тим кој што веќе изгубил натпревар. Треба нова енергија, додава Димовски.

Тој нагласува дека не постои надзорна улога на Собранието врз владата.

-Со овој последен гест на Џафери, веќе не ја разбирам функцијата на Собранието. Пред празна сала да прогласиш дека владата има мандат. За мене, Собранието на Македонија не постои. Дали ќе биде 61, 62 или 60:60 не е битно. Во ваков формат, тоа не постои, потенцира Димовски.

Слични содржини