Димовски: За славење треба пари, затоа ќе протестираме

од Берта Китинска
207 прегледи

ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плат, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

ССМ, истакна Димовски, не се откажува ниту од тоа да го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

Во однос на случувањата со штрајкот во обрзованието и незадоволството кај дел од членството, Димовски рече дека ги поддржуваат просветните работници и ги повика доколку сакаат да се обратат со ССМ за да се види по кој основ штрајкот е ставен во мирување.

Слични содржини