Динамо: АЕК бега од одговорност и сака да ја искористи трагедијата за сопствена промоција

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб уште еднаш денеска ги осуди инцидентите во Атина предизвикани од своите навивачи што резултираа со убиство на еден навивач на домашниот клуб АЕК, но, притоа, истакна дека грчкиот тим со своите настапи бега од одговорност и сака да ја искористи трагедијата за сопствена промоција.

„Динамо повеќе пати јасно, недвосмислено, јавно и жестоко ги осуди инцидентите, кои, за жал, имаа за последица смртен исход. Насилството нема место во цивилизирано општество и секогаш ќе се бориме за вистинските вредности кои ги промовира нашиот клуб, а искрено сакаме да веруваме дека слични погледи споделува и нашиот ривал АЕК“, се наведува во соопштението на клубот од Загреб.

Во судирите меѓу грчки и хрватски навивачи до кои дојде пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо загина еден навивач на грчкиот клуб, додека осум лица се повредени, од кои тројца посериозно.

Слични содржини