Диневски: Груевски ќе се врати ако победи ВМРО, по цена и една ноќ да преспие во Шутка

од Берта Китинска
782 прегледи

Нема ништо ново после 3 години од бегството на Никола Груевски. Македонската јавност не ја знае вистината за неговото бегство. Тој случај покрена друга перспектива за владеењето на оваа владејачка гарнитура, вели екс разузнавачот Александар Диневски во студиото на Утрински брифинг.

-СДСМ настапуваше под девизата „Нема правда, нема мир“. Правдата беше очекувана, расчистување на сите случаи што ги водеше поранешната власт, а исправување на неправдата кон политичките противници. Но случајот воведе сомничавост во целата власт на СДСМ. Се смени дискурсот на гледање, почна јавноста да ги согледува навидум ситните пропусти кои беа припишувани наводно на системот, меѓу кои и статусот на неутралност кон судските процеси. Не сакаше новата власт да се идентификува со претходната власт, која имаше нарачани пресуди, монтирани судски процеси. И тука испливаа тие навидум ситни работи на кои регираше јавноста, рече Диневски.

Диневски  во однос на тоа дали Груевски  би се вратил  во земјава, ако победи ВМРО-ДПМНЕ, вели:

– Апслолутно ќе се врати. Согласно својот карактер како личност, страшно е суетен и сите овие постапки ја повредија неговата суета. Кога би победило ВМРО уште истата вечер ќе се врати и по цена да ја преспие во Шутка и ќе излезе како маченик како жртва и апсолутно е релано неговото враќање бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се огради од тој негов систем на владеење, ниту ги острани тие негови најблиски кадри. Toj ja ужива поддршката во партијата.

Слични содржини