Дино Мерлин за болеста со која се борел: „Бев како билка“

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Пејачот Дино Мерлин изјави дека и тој се борел со депресија.

„Во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Не би го посакал тоа на никого. Тоа се манифестираше така што немав волја за ништо“, изјави пејачот за „ХРТ“.

Како што рече, бил како „билка“.

„Апсолутно ништо не ме интересираше, животот и смртта ми беа исти. Бев само билка. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и тогаш ми паднаа на памет секакви работи, но за чудо се извлеков“, изјави Мерлин во таа прилика.

Сепак, љубовта кон музиката преовладала.

„Решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот Sredinom на кој сум многу горд“, изјави музичарот.

Слични содржини