„Диор“ нов дизајнер на облека за ПСЖ

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Францускиот фудбалски вицешампион Пари Сен Жермен, кој оваа сезона во своите редови има три големи sвезди Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, објави дека во понеделник потпишал двегодишен договор со модната куќа „Диор“.

„Диор“ ќе дизајнира официјална облека за клубот, и ова е прв договор со кој било спортски клуб што компанијата го склучила.

Од ПСЖ, додаваат дека уметничкиот директор на „Диор“ за машка мода, Ким Џонс, дизајнирал серија креации за тимот во следните две сезони.

Пред Диор, ПСЖ имаше партнерство за облека со германската компанија „Хуго Бос“.

Слични содржини