Претставници на мисијата на Европската унија, придружувани од претставниците на дипломатскиот кор, денеска пред Влада ќе прочитаат соопштение во кое ќе ги изнесат своите ставови за ќор-сокакот во кои влегоа преговорите за имплементирање на Договорот од Пржино.
Како што дознава „Мета“, организатор на настанот е Мисијата на ЕУ, но засега не се откриваат повеќе детали за содржината на соопштението што ќе биде презентирано во 15.30 часот.
Ова е втора групна реакција на дипломатскиот кор за помалку од една недела. На 24 октомври, непосредно пред прославата на Денот на ВМРО, дипломатите имаа средба со премиерот Никола Груевски, на која повторно ја истакнаа неопходноста од продолжување на преговорите, надминувањето на спорните точки и од имплементирање на Договорот од Пржино.