Дипломатски скандал во Финска: Малтешкиот амбасадор поднесе оставка, откако ја спореди Меркел со Хитлер

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Малтешкиот амбасадор во Финска поднесе оставка, откако ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, пишува Би-Би-Си.

Мајкл Замит Табона, наводно, напишал на Фејсбук: Пред 75 години го запревме Хитлер. Кој ќе ја запре Ангела Меркел? Таа го оствари сонот на Хитлер! Да се контролира Европа“

Подоцна постот исчезна од Фејсбук.

Министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло изјави дека извинување ќе биде испратено во Германија, објави „The Times of Malta.“.

Бартоло за весникот изјави дека „веднаш штом дознал за тоа“, тој го советувал амбасадорот да ги отстрани коментарите.

Замит Табона, кој стана амбасадор на Малта во Финска во 2014 година, сè уште не ја прокоментирал ситуацијата.