Дипломатскиот пасош на Мијалков од денес поништен со печат

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Десет дена рок на важност  имаше дипломатскиот пасош на екс директорот на тајната служба. Патната исправа на Сашо Мијалков од денес е со печат поништено. Ова го потврдуваат од Министерството за надворешни два дена по изјавата на Мијалков дека се откажува од пасошот.

pasos_mijalkov

До министерството за надворешни работи е доставено барање за издавање дипломатски пасош од страна на министерството за внатрешни работи, со цел издавање на нов дипломатски пасош за раководно лице со посебни овластувања. со оглед на повлекувањето на барањето од страна на барателот, истиот е поништен и повеќе не поседува дипломатски пасош.

Ова открива дека МВР барало дипломатски пасош за поранешниот прв разузнавач и тоа како тој да е раководно лице со посебни овласувања. Тој пак после пукањето во Куманово си даде оставка од директор на УБК. Министерот Чавков е без коментар на ова.

За МНР не е скандалозно што издале па поништиле дипломатски пасош со лажни податоци