Украина ѝ е благодарна на Република Северна Македонија за нејзината помош, вели украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир во интервју за ВОА. Се надева дека земјата ќе продолжи и понатаму да ја поддржува Украина и во форма на обезбедување воена помош за одвраќање на руската агресија.
-И во форма на поддршка за членството на Украина во НАТО, вклучително, во блиска иднина ќе ја поддржи поканата за Украина да ѝ се приклучи на Алијансата. Сето ова ќе ги зајакне одбранбените способности на Украина во војната што ја продолжува и ќе ги спаси животите на Украинците, посочува Дир.
Вели дека ѝ е „благодарна на Северна Македонија за нејзината поддршка, која е широка и постојана“.
-Република Северна Македонија се приклучи кон одлуката на самитот на Советот на Европа за создавање на Регистар на штети од агресијата на рф, а исто така ѝ се приклучи на Коалицијата за создавање на Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина, истакнала меѓу другото украинската амбасадорка.