„Директна линија“ – во шоуто на Путин недостасуваат нови идеи

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Дојче веле – Бон

Здодевноста убива се. Како во љубовта, така и во политиката. Луѓето во Русија ја научија таа лекција по распадот на Советскиот сојуз. По долгите години застој, конечно заппчна некакво размрдување. И кој задоци – животот го казнува.

Од тогаш, најголемата земја во светот веќе не чека. Турбокапитализам и контролирана демократија, скандали по судовите и корупција, проблеми со човековите права, хомофобија, Крим, Сирија, Донбас. Но дури и наводните постигнувања на земјата и победите на претседателот, не можат да ја убијат здодевноста – токму затоа односниот претседател се задржа толку долго на власт.

Затоа Владинир Путин треба да сврти друга страна. Задолжително баш сега, десет месеци пред претседателските избори кои популарниот лидер може да ги освои без многу труд. Но после со сигурност тоа ќе му се наложи – штом секнат ресурсите, штом земјата и властите ќе заглават во уште потешка меѓународна изолација, а денешните ученици и студенти кои излегуваат се помасовно на улични протести, нагло ќе го сменат политичкиот курс.

Без прашања за иднината на земјата

Проблемот на Путин е што веќе се рекол. Многу од неговите „идеи како да постигнеме успех и обнова“, гласно навестувани на времето, беа тивко погребани. Диверсификација на економијата? Веќе ја видовме. Реформа на судскиот систем? Борбата против тероризмот? Политиката на Путин спрема Крим и системскиот патриотизам? Веќе ништо не делува.

Наместо тоа, на своето телевизиско шоу со прашања и одговори дејствува самиот Владимир Путин – во 2017 на истиот начин како и во 2016, 2015, и тн., добро подготвен ако зборуваме за цифри, но без нови идеи. По неколкучасовното „општење со народот“ и по два милиони добиени прашања излегува дека народот на крајот не го праша Путин не само дали ќе се кандидира за изборите во 2018, туку и за иднината на земјата воопшто. Никаква визија, никаква стратегија, никаква претстава што сака Русија да и предложи на својата младина – на која всушност останува иднината. И е се понезадоволна од својата земја и од својот шеф на државата. И која е убедена дека е принудена да ги заштитува своите перспективи со улични акции.

Неспособност за дијалог

Уште едно покачување на казните и уште поголемиот број апсења, масовни притвори за време на протестите во последен период? Во Москва, Санкт Петерсбург, Владивосток и Новосибирск… Веќе нема никакво значење кој кого провоцирал посилно минатиот месец во руската престолнина – дали властите го предизвикувале опозицискиот лидер Алексеј навални со притисок врз него, или тие биле предизвикани од повиците на политичарот да се протестира на недозволено место. Вистински важната поука од протестите е дека државната власт не знае како да води било каков позитивен дијалог со луѓето во земјата. На прво место се младите.

Протестите на 12 јуни покажаа дека тврдите мерки не помагаат. И покрај безмислените, понекогаш жестоки апсења по протестите од 26 март, десетици илјади незадоволни жители на Русија повторно излегоа на улиците. Власта ја изгуби контролата над ситуацијата.

И обратно: харизамтичниот опозициски политичар Алексеј Навални, познат критичар на Путин, успеја да ја искористи ситуацијата и ја рашири географијата на протестите. Во нив се вклучија градови кои протестирале за последен пат во 1905 година, (кога започнуваат масовните бунтови против монархијата, таканаречената Прва револуција во Русија од 1905 до 1907 година).

Но претседателот не кажа ни збор за тоа. Претседателот на една се постара европска земја во која голем дел од младите живеат со истите вредности и по истите стандарди како и нивните врсници од останатиот дел од Европа и САД, ги отврлаат со својот начин на живот познатите традиционални вредности кои сака да им ги наметне мајка Русија. Игнорирањето на таа младина може да е опасно за самата власт.