282
Англискиот фудбалски клуб Челси го отпушти комерцијалниот директор Демијан Вилоби поради испраќање „непристојни пораки“ до Каталина Ким, која е фудбалски финансиски менаџер, пренесуваат британските медиуми.
Вилоби беше назначен за комерцијален директор на клубот на почетокот на септември, откако Челси официјално беше преземен од американскиот бизнисмен Тод Боли.
„Иако пораките беа испратени пред тој да биде вработен во клубот, таквото однесување е апсолутно спротивно на работната средина и корпоративната култура воспоставена од новата сопственост на клубот“, изјави портпаролот на Челси.