Двајца мажи, за кои јавноста тврди дека се директори на основни училишта од Кавадарци, се степале во ноќен клуб, покажува видео снимка направена синоќа, објави Канал 5.
Двете лица биле под дејство на алкохол а го нападнале и обезбедување на клубот од центарот на Кавадарци.
Приведени се за нарушување на јавниот ред и мир.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за „Фокус“ изјавил дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функциите.
„Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник“, изјави Јанчев.
Видео снимката од тепачката на двајцата директори била објавена кратко, а потоа беше избришана.