Директори што креираат загуби имаат поголема плата од двајца министри заедно, вели премиерот

од Берта Китинска
157 прегледи

Постојат случаи кога вработени на одредени позиции во јавниот сектор имаат повисоки плати од претседателот на државата и од претседателот на Уставниот суд, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Ако ги видите менаџерските договори на директори на јавни претпријатија, коишто прават загуби години наназад, на членовите на управните и на надзорните одбори, имаат поголема плата од двајца министри заедно. А, креира со години загуба. И не прават ништо да се намали таа загуб.не сакам да споменувам називи на работни места. Ако навлезете и ја видите платата, поголема од платата на претседателот на државата и од претседателот на Уставниот суд“, рече Ковачевски во емисијата „360 Степени“.