ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно соопшти дека СДСМ, Левица и ДУИ се власт во град Скопје и ги обвини премиерот Димитар Ковачевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за „коалиција на тендери и бизнис зделки“.
Според најголемата опозициска партија, директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени токму од СДСМ, Левица и ДУИ и според нив, „се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ“.
-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ. Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ. Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица. Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.нЗаменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица, стои во соопштението и се додава:
-Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ. Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот. Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДСМ туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори. Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра, порачаа од „Белата палата“.