Директорката на ЕМА: Ефикасноста на вакцините против омикрон е видливо намалена

од Nikola Popovski

Ефикасноста на вакцините против сојот омикрон на коронавирусот е видливо намалена, изјави Емер Кук, директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Податоците што пристигнаа не се дефинитивни, ги има многу малку, но јасно е дека има пад на ефикасноста во однос на сојот омикрон“, изјави Кук за „Фајненшл тајмс“.

„Не знаеме дали падот на ефикасноста може да се компензира со бустер дози на вакцината, сè уште е рано“, информира Кук.

Според директорката на ЕМА, одлуката дали е потребна посебна вакцина против сојот омикрон ќе биде донесена кога ќе се соберат доволно научни докази дека „постојните вакцини не делуваат“.

„Мораме да одржуваме залихи на постоечки вакцини, но и да бараме нови“, рекла таа, додавајќи дека „здравата конкуренција е добредојдена“.

Слични содржини